Facebook го купи WhatsApp за неверојатни 16 милијарди долари

Facebook се реши да ja купи мобилната апликацијата за куси пораки WhatsApp за неверојатни 16 милијарди долари. Оваа сума, од која Facebook на WhatsApp ќе му исплати четири милијарди во пари, а остатокот во акции, е рекордна зделка во ИТ индустријата досега. Првите луѓе на најголемата социјална мрежа беа загрижени дека апликација за чет ќе ги одвлече корисниците од друштвената мрежа, По аквизицијата, WhatsApp ќе продолжи да работи самостојно, без мешање од Facebook, слично како Instagram, за кого Facebook плати околу 800 милиони долари пред една година.

„WhatsApp е на пат да поврзе милијарда луѓе. Услугите кои стигнуваат до ваква бројка се неверојатно вредни. Го познавам Jan долго време и возбуден сум од партнерството со него и неговиот тим со кое ќе го направиме светот поотворен и поврзан“, вели Mark Zuckerberg.

Facebook со интеграцијата со WhatsApp ќе добие 450 милиони корисници од кои 70 отсто се активни секој ден, како и дневен проток на пораки кој е еднаков на вкупниот број на SMS пораки од светските телефонски оператори.

„Возбудени сме и почестени поради партнерството со Марк и Facebook додека го приближуваме нашиот продукт на се повеќе луѓе низ светот“, вели Jan Kome, кој заедно со Brian Acton, и двајцата поранешни вработени во Yahoo, го основаа WhatsApp во 2009.

Во меѓувреме, фановите на технологијата „ископаа“ твит на Acton од 2009, во кој кажува дека неговите идеи биле одбиени во Фејсбук. Неполни пет години подоцна, компанијата мораше „дебело“ да плати за неговата апликација.

Извор: It.com.mk