Facebook ги олабави правилата за вистинско име поради жалби

Facebook најави дека ќе ги олабави строгите и контроверзни правила за користење на вистинското име на мрежата, откако организациите за граѓански слободи протестираа против него.

Новите правила сé уште бараат да се користи „автентично име“, правило кое предизвика критики од многумина, особено трансвеститите, домородните Американци и транс луѓето. Иако Facebook не бара да се користи законското име, корисниците треба да се идентификуваат со име по кое ги препознаваат нивните пријатели.

Воведувањето на ова правило беше напорно за компанијата, бидејќи прават напори да ги разликуваат автентичните, но невообичаени имиња од лажните, шегите, или другите начини на идентификување кои ги прекршуваат правилата.

Сега компанијата прави две поголеми промени, со кои се надеваат дека ќе успеат да го намалат бројот на ранливи индивидуи, истовремено цензурирајќи ги корисниците кои употребуваат лажни имиња.

Најпрво, сајтот ќе им дозволува на корисниците да „овозможат повеќе информации за нивните околности“ со цел да „дадат повеќе детали или контекст за нивната уникатна ситуација“.

Второ, компанијата ќе бара од корисниците кои пријавуваат други дека користат лажни имиња, исто така да пријават детали. Лажното пријавување на користење на лажно име стана популарна алатка за злоупотребување на сајтот, со оглед натоа што Facebook често укинува профили кои сметаат дека ги прекршува правилата.

Според заменик претседателот за развој на компанијата, Alex Schultz, ова би требало да му овозможи на Facebook точно да процени дали името кое се користи е усогласено со правилата.

„Ќе ни помогне подобро да ги разбереме причините поради кои луѓето не можат да го потврдат своето име и да нé информира за потенцијални промени кои треба да ги направиме во иднината“.

Извор: Guardian