Fabiola Gianotti стана првата жена директорка на CERN

Fabiola Gianotti, физичарка која специјализира во честична физика, стана првата жена која е генерален директор на CERN, организација сместена во Швајцарија и дом на Големиот хадронски судирач.

Таа го наследи Rolf Heuer, кој ги надгледуваше операциите на лабораторијата во изминатите седум години.

Gianotti претходно водела еден од двата тима кои соработувале на проектот АTLAS, а кои го открија Хигсовиот бозон на 4 јули 2012 година. Беше една од фаворитите на изборот за личност на годината на Time Magazine во 2012.

Таткото на Gianotti е пензиониран геолог, а мајка ѝ имала страст за музика и уметност. Нивната ќерка, која е родена во 1962 година, освен што е одличен физичар, е успешна и на полето на музиката, готвењето и танцот. Како дете тренирала да биде балерина.

„Музичката хармонија е основана на физички принципи, а во готвењето состојките мораат да бидат измерени со прецизност“, изјавила за Guardian во 2014, кога бил најавен нејзиниот избор за нареден генерален директор на CERN. „Истовремено, треба да сте способни да создавате, бидејќи ако го следите истиот рецепт цело време, никогаш нема да создадете ништо ново“, вели.

Извор: Gizmodo