Exit е избран за најдобар европски фестивал за 2016 година

Exit е прогласен за најдобар европски летен фестивал, од страна на “European Best Destinations“, признание кое се доделува во соработка со Европската комисија, објави фестивалот.

Exit ја доби титулата во конкуренција на британскиот Secret Garden Party, белгискиот Tomorrowland (3. mesto), фестивалскиот гигант Glastonbury и Sziget. 

Од организацијата што го прави изборот велат дека летните музички фестивали се дел од европскиот идентитет и дека Exit станал „еден од најважните фестивали во светот“.

„По наградите за најдобри европски фестивали за Exit (во 2014) и за Sea Dance (во 2015 година), ова признание го потврдува угледот на Exit како еден од водечките музички фестивали во Европа, но и во светот. Посебно ни е драго што успеавме да го позиционираме фестивалот над други слични настани кои имаат двојно поголеми буџети, но и што Нови Сад и Србија повторно ги направивме европски фестивалски престолнини“, вели основачот на Exit, Душан Ковачевиќ.

“European Best Destinations” е европска чадор-организација, чие членство го сочинуваат 355 туристички организации ширум Европа.