EXIT догодина ќе продолжи уште три дена во Црна Гора

Фестивалот EXIT догодина за првпат ќе добие свое „морско“ издание – од 15 до 17 јули на плажата Јаз во Будва ќе се случува првиот SEA DANCE Festival, кој ќе биде официјално продолжение на EXIT. Fестивалот на Петроварадинската тврдина ќе трае од 10 до 13 јули, а потоа се сели во Црна Гора.

EXIT догодина ќе продолжи уште три дена во Црна Гора

„Егзит добива и свое морско издание, прекриено со песок и школки и седум дена најдобра летна забава“, соопштиja организаторите на официјалната веб-страница.

Душан Ковачевиќ, директор на фестивалот, објаснува дека EXIT останува новосадски фестивал, но дека се менува концептот со тоа што ќе се одржува во две земји.

„Тренд кај фестивалската публика е да посетува фестивали покрај море, и за да останеме најдобри во Европа, одлучивме да го следиме тој тренд,“ вели Ковачевиќ.

Од 12 декември, точно напладне, во продажба ќе се најдат влезниците по цена од 4.990 динари (43 евра) , што е дури 60% попуст од регуларната цена, за четири дена на фестивалот на Петроварадинската тврдина, а билетите Купени рано ќе важат и за новиот фестивал во Будва. Редовните влезници за EXIT ќе чинат 11.990 динари (104 евра), а за SEA DANCE фестивалот – 4.490 динари (43 евра).

Извор: On.net.mk