„Евтини студентски приказни“ – трибина за студентското организирање

Овој петок, на (29  март) на Машинскиот факултет во Скопје (просторија 224, главна зграда) во 12 часот, ќе се одржи трибина со наслов „Евтини студентски приказни“ на тема студентско организирање, која ја приредува Младински образовен форум (МОФ).
 
На трибината за првпат ќе биде промовиран документарен филм за студентското организирање во Македонија. Дополнително, ќе бидат презентирани повеќе можни модели за студентско организирање, со можност за нивно коментирање, дополнување, како и предлагање на нови модели од страна на публиката.
На настанот ќе се одржи и јавна дискусија на тема „Студентско организирање“, на која како панелисти ќе говорат Марија Мирчевска од МОФ и Моника Стаменковска од АЕГЕЕ – Скопје, а посебно место во дискусијата ќе и се даде и на самата публика, која ќе може да ги образложи нејзините ставови и мислења.