„Евтини студентски приказни“ на Филозофскиот факултет

„Евтини студентски приказни“ на Филозофскиот факултетМладински образовен форум (МОФ) ги поканува студентите да присуствуваат на третата по ред трибина со наслов „Евтини студентски приказни“, која ќе се одржи утре (25 април) на Филозофскиот факултет (предавална 16) во 14 часот.

На „Евтини студентски приказни” ќе се дискутира за моменталната состојба во студентското организирање на УКИМ, како и за можностите за негово унапредување. Како панелисти на трибината ќе говорат Кирил Спироски (претседател на СПУКМ), Даниела Атанасова (основач на Излез), Дејан Лутковиќ (Слободен Индекс) и Мартин Алексоски (МОФ). Посебно место во дискусијата ќе и се даде и на самата публика, која ќе може да ги образложи своите ставови, мислења и искуства.

На настанот ќе биде прикажан документарен филм за студентското организирање во Македонија. Трибината Евтини студентски приказни“ досега се одржа на Машинскиот и на Земјоделскиот факултет.