Евтини подароци идеални за „гикови“

Евтини подароци идеални за гикови

Науката знае да изнедри неверојатно интересни откритија, за кои не ви се потребни докторска титула, лабораторија или пари од владата, за да ги држите во рака. Еве згодна листа на вакви откритија (помалку или повеќе евтини), кои можат одлично да послужат како подарок за некој којшто е „венчан“ за науката.

Аерогел

Евтини подароци идеални за гикови

Познат и како смрзнат чад, Аерогел е цврста материја со најмала густина, која се состои од 96% воздух. Во основа, тоа е гел добиен од силикон, на кој течноста му е извадена и заменета со гас. Ако држите мало парче во рака, практично е невозможно да го видите или почувствувате, но ако го потчукнете, личи на стиропор. Аерогелот може да издржи тежина 4.000 пати поголема од неговата, како и директна експлозија од еден килограм динамит. Исто така, оваа материја е најдобриот топлински изолатор познат на човештвото.

Цена: 35 долари

Екосфера

Евтини подароци идеални за гикови

Во овие затворени стаклени топки има живи алги, бактерии и други организми кои пливаат во филтрирана морска вода. Ако ги ставите на светло место, тие ќе продолжат да живеат со години, без потреба од хранење и чистење. Екосферите произлегле од истражувања со кои се барал начин за развивање на долгорочни, самодоволни еко-системи за вселенските патувања.

Цена: 80 долари

Kамен од Марс

Евтини подароци идеални за гикови

Одвреме-навреме, метеор толку силно го погодува Марс, што исфрла карпи во орбитата на планетата околу Сонцето. Дел од овие карпи подоцна паѓаат и на Земјата. Ова не се случува често, но кога ќе се случи, на тој што ќе го најде метеоритот му е дозволено да го исече на мали парчиња и да го продава на луѓе кои сакаат да имаат свое парче од „црвената планета“.

Цена: 70+ долари

Gömböc

Евтини подароци идеални за гикови

Ова е објект кој самиот се исправа, без оглед во кавка положба ќе го поставите. Ова својство доаѓа од самата форма на објектот, кој науката за првпат го октри во 1995. Во меѓувреме, беше откриено дека желките развиле слична основна форма многу порано, за да можат полесно да се вратат во положбата кога ќе се превртат.

Цена: 150 долари

Галиум

Евтини подароци идеални за гикови

Галимот е сребренест метал со атомски број 31. Се користи во полуспроводници и ЛЕД-светла, но тој е познат и по ниската точка на топење, која се наоѓа нешто пониско од 30-от целзиусов степен. Ако држите цврсто парче галиум во рака, вашата телесна топлина ќе го стопи металот во сребрена течност. Кога ќе го ставите на некое поладно место, тој веднаш се враќа во цврста состојба.

Цена: 80 долари

ДНК генотип

Евтини подароци идеални за гикови

Нема ништо што е полично од сопствениот ДНК-отисок. Компании од целиот свет сега нудат анализи на генотипот што откриваат интересни погледи во вашата долговечност, интелигенција, склоности кон болести, па дури и вкус за храна. Иако технологијата се уште не е стигната дотаму да може евтино да се добие комплетна секвенца на цел еден геном, гледањето на одредени маркери е доволно за да се разгледаат некои карактеристики на една личност.

Цена: 100 долари

Чудотворни плодови

Евтини подароци идеални за гикови

Сами по себе, чудотворните бобинки (Synsepalum dulcificum) немаат којзнае каков вкус. Причината тие да се јадат е тоа што содржат хемикалија наречена миракулин, која се врзува за рецепторите во вашата уста, ја менува нивната форма и прави тие да реагираат поинаку на кисели вкусови. Ова резултира со спектакуларни промени во вкусот на она што го јадете – Табаско сос има вкус на глазура за крофни, темното пиво ќе ви личи на чоколаден прелив, а киселоста на лимунот исчезнува и наместо неа се појавува сладок вкус. По околу еден час, рецепторите за вкус се враќаат во нормала, без штетни ефекти.

Цена: 15 долари

Извор