Евростат: Французите читаат најмалку книги, Естонците на врвот на листата

Французите во просек читаат книги само две минути дневно, Италијанците, Австријците и Романците пет минути, објави Европската статистичка служба по повод Светскиот ден на книгата. На другата страна на листата се Естонците кои читаат во просек по 13 минути, а по нив следуваат Финците и Полјаците, покажува истражување спроведено меѓу 2008 и 2015 година во 15 држави од ЕУ, а кое ги вклучува и Норвешка, Србија и Турција.

Според Евростат, домаќинствата во ЕУ во 2016 година потрошиле повеќе од 90 милијарди евра или 1,1 отсто од вкупната потрошувачка на книги односно 0,6 отсто ДБП во ЕУ. По жител, тоа е околу 200 евра за книги и весници.

Потрошувачката за книги, весници и пишан материјал е во пад од 1995 година кога за тоа биле издоени 1,8 отсто од вкупната потрошувачка на домаќинствата во ЕУ.  На книги најмногу трошат Словаците – 2,1 отсто, најмалку Бугарите и Грците – по 0,6 отсто од вкупната потрошувачка по домаќинства.