Европскиот суд ја осуди Италија поради загадувањето на воздухот

Европскиот суд на правдата пресуди дека Италија „го прекршила европскиот закон за квалитет на воздухот“ затоа што „системски и упорно“ ги надминала граничните вредности поставени за малите честички, пренесува српски „Н1“.

Судот на кој Европската комисија му се обрати во 2018 година, „забележува дека од 2008 до 2017 година, дневните и годишни гранични вредности за ПМ 10 честичките биле редовно надминувани“ во одредени региони на Италија и дека „Италија очигледно не ги донела мерките навреме“ како би се гарантирало почитувањето на граничните вредности.

Ваквата пресуда може да доведе до евентуални санкции.

Италија не е единствената европска земја осудена за загадување на воздухот, па така, Франција е осудена во 2019 година, додека Полска една година претходно, односно во 2018 година. Загадениот воздух е причина за околу 480.000 предвремени смртни случаи во Европа, според Европската агенција за животна средина.