Европскиот смог е 27 пати позагаден од тој во Кина

Смогот во Европа и Северна Америка можеби е дури 27 пати посмртоносен од просечното воздушно загадување во кинеските градови, покажува ново истражување.

Во најголемата досега студија од ваков вид во развиените земји, истражувачите ги тестирале ефектите на воздушното загадување на здравјето на луѓето во 272 градови во Кина.

Откриле дека просечното годишно изложување на ситните честички како ПМ 2.5 во тие градови, било пет пати повисоко од нивото предложено од Светската здравствена организација, според истражувањето објавено во Американскиот весник за респираторна медицина и критична нега.

Сепак, откриле и дека е многу помалку веројатно да ја зголеми стапката на смртност од ПМ 2,5 честичките во Европа и Северна Америка.

Истражувачите, предводени од д-р Маигенг Жоу од Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, смета дека причината за тоа е што Кина е под влијание на огромни количини природна прашина која ја носи ветерот од сувите области, а загадувањето на Западот доаѓа од индустријата.