Европскиот парламент ја забранува неплатената пракса

На иницијатива на Групата социјалисти и демократи, минатата ноќ, Бирото на Европскиот парламент ги усвои реформите за практикантска работа, со кои се забранува неплатената практикантска работа.

Според новите правила, европратениците ќе можат да понудат три вида стажирање во Брисел: стажирање за дипломирани студенти во период од шест месеци; да обезбеди место за обука во период од еден до пет месеци; и студиски посети во траење до шест недели. За првите две ќе се обезбеди фиксен надоместок, додека за третото не се предвидува надоместок.

Европратеничката Силви Гијом, потпретседателка на Европскиот парламент, изјави:

„Ние сме многу задоволни од реформите усвоени минатата ноќ во Бирото. Новите принципи ставаат крај на неплатената практикантска работа во Европскиот парламент. Според сегашната рамка, европратениците не беа обврзани да им дадат минимален надомест на учесниците, оставајќи го прашањето за плаќање како дискреционо право на европарламентарците. Реформите донесени поставуваат клучни принципи за да обезбедат дека практикантите добиваат пристоен надомест и се осигурани од болести и несреќи на работното место. Фактот дека Секретаријатот на Европскиот парламент директно ќе ги ангажира учесниците и потоа ќе им ги додели на членовите, конечно ќе ги отстрани дискриминациите меѓу учесниците во ЕУ. ”

„Ние социјалистите и демократите долго време се боревме за подобрување на сегашната рамка. Во март 2018 година, членовите на групата во Бирото на Европскиот парламент испратија писмо до претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, барајќи од него да го донесе ова прашање до Бирото. Драго ми е што успеавме, бидејќи темата се однесува на илјадници млади луѓе кои се стремат да работат за Европската унија. Ние не можеме да ги изневериме да се преправаме дека ова не се случува, ниту, пак, можеме да останеме тивки за проблемите кога тие се одвиваат во нашата сопствена куќа. Европскиот парламент, како и сите други институции мора да бидат пример и во оваа област. Сите практиканти мора да бидат платени“, додаде таа.

Агнес Јонгериус, европратеничка и портпаролка на групата на социјалисти и демократи за вработување и социјални прашања, додаде:

„Срамно е што се уште има голем број пратеници кои не ги плаќаат стажантите. Под изговор дека им овозможуваат учење или обезбедување на можност за кариера, пратениците ја користат дупката во правната рамка за 2010 година, за да им биде завршена работата без да потрошат цент. Во моментов, 8 проценти од стажантите во Европскиот парламент не добиваат никаква стипендија и 35 проценти се платени помалку од 1000 евра. Ова е експлоатациона практика што мора да биде забранета. ”

„Она што ни треба денес е да создадеме нови висококвалитетни работни места, стажирања и обука за млади луѓе. Ние мора да осигураме дека платените работни места нема да бидат заменети со неплатени стажирања. Ја повикуваме Европската комисија и Европскиот совет да осигурат дека сите неплатени практиканти се забранети, не само во институциите на ЕУ, туку и насекаде. Младите луѓе мора да уживаат пристојни и недискриминаторски работни услови каде и да се. Во овој поглед, Европскиот парламент мора да води со пример“, рече Јонгериус.