Европскиот младински форум предупредува на Петар Пан генерација

Европскиот младински форум предупредува на Петар Пан генерација Економската криза која започна во 2008 година најмногу ја погоди младата популација, се вели во најновата публикација на Европскиот младински форум „Младите во кризата: Што тргна кон лошо?“, на настанот посветен за вработување на младите во Рим.До јули 2014, стапката на невработеност кај младите во ЕУ е 22 проценти, односно 14,6 милиони млади луѓе се без работа, образование или обука.

Заклучоците од настанот е дека се потребни подлабоки структурни и институционални промени и кохерентен пакет на политиките за поттикнување на создавање квалитетни работни места, јавни инвестиции во инфраструктурата и социјалната заштита како и инвестиции и иновациите во одредени сектори.

Во периодот меѓу 2007 и 2013 година, стапката на невработеност на младите
најмалку двојно се зголемила во 12 европски земји како што се Кипар, Шпанија, Ирска, Грција, Летонија, Естонија, Литванија, Чешка, Бугарија, Хрватска, Италија и Словенија.

Според публикацијата, преминот на младите кон позрели луѓе, како резултат на финансиската криза е одложен. Младите подоцна си заминуваат од дома, а со тоа и подоцна стануваат родители.

„Шест години од почетокот на економската криза е јасно дека со 14,6 милиони млади луѓе кои не се вклучени во образовното вработување или обукажите на ЕУ се даде неадекватен одговор од европските и националните лидери што го направија животот полош за младите луѓе“, смета Питер Матјашич, претседател на Европскиот младински форум.

Публикацијата беше објавена за време настанот посветен за вработувањето на младите од 12 до 14 ноември во Рим, чиј домаќин беше Младински форум, заедно со англискиот Национален младински совет.

Настанот беше под покровителство на италијанското претседателство вклучувајќи ги креаторите на политиката, политичарите и економистите. Заедно со младите делегати излегоа со сет препораки за вработување на младите за новата Европска комисија, Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ.

Целата публикација е на овој линк.

Извор