Европски суд: Работодавачите имаат право да ги следат приватните пораки на вработените

Европскиот суд за човекови права одлучи дека работодавачите имаат право да ги контролираат пораките кои вработените ги испраќаат на Skype, Facebook, WhatsApp и слични сервиси додека трае работното време.

Одлуката на судот доаѓа по случајот на романски инженер, кој бил отпуштен поради тоа што користел Yahoo Messenger не само за да остварува професионални контакти, туку и да праќа пораки на неговата свршеница и неговиот брат.

Судот во Стразбур пресудил во корист на неговиот работодавач, образложувајќи дека „не е неразумно еден работодавач да сака да потврди дека неговите вработени ги завршуваат своите професионални обврски во работно време“.

Судиите го отфрлиле тврдењето на Романецот дека со увидот на работодавачот во приватните пораки му била повредена приватноста