Европски Парламент отвори платформа за сведоштва за сексуално вознемирување

Од денеска е достапен првиот блог на Европскиот Парламент наречен „MeTooEP Blog“, каде ќе се собираат сведочења на жртви на сексуално насилство во ЕП.

Блогот беше отворен денеска со пет анонимни приказни од вработени во институцијата или парламентарни асистенти, но не и европратеници и европратенички.

Една од жртвите сведочи како нејзин колега ја нападнал во нејзината соба за време на службен пат, додека друга раскажува како политички советник во ЕП ја фотографирал без нејзина согласност, а потоа и ги испраќал сликите.

Иницијаторите на блогот сметаат дека оваа платформа треба да придонесе да се надмине „културата на молк“ во однос на сексуалното вознемирување во европскиот пратенички дом.

Претходно, во октомври 2017 беше поднесена резолуција за борба против сексуалното вознемирување, а сведочеа и повеќе европратенички во Стразбур, но ниту еден од овие обиди не донесе резултати ниту доби некаков исход.