Европски парламент: Непродадената храна во супермаркетите мора да се подари

Европскиот парламент ги повика земјите на Европската унија што побрзо да донесат закони со кои би им овозможиле на супермаркетите, целата непродадена храна да ја дадат во хуманитарни цели, наместо да ја фрлат.

Секоја година во светот се фрлаат по 1,3 милијарди тони храна, а на годишно ниво се прави економска загуба од 750 милиони долари, со негативни последици за околината.

Францускиот парламент во мај едногласно го усвои законот со кој им се забранува на супермаркетите да ја фрлаат непродадената храна. Со новиот закон, се поставуваат низа механизми со кои големите продавачи ќе мораат да го избегнат создавањето на вишоци храна, а непродадените, но се уште употребливи прехранбени продукти ќе мораат да се донираат во хуманитарни здруженија, да се користат како храна за животни или како компот.

Европскиот парламент со резолуцијата за „циркуларна економија“ прифати амандман со кој државите на Европската унија ги поттикнува да носат закони кои овозможуваат дистрибуција на непродадената храна кон хуманитарните организации.

„Ова е само првиот чекор во борбата против фрлањето храна“, изјави Ангелика Делахаје, француска претставничка во Стразбург, која го предложи законот.

Францускиот локален советник Араш Дерамбарш, кој во Франција ја започна борбата против фрлањето храна, нагласи за порталот Еуроактив, како сонува дека еден ден овој закон ќе стане обврска за сите членки на Европската унија.

Извор: index.hr