Европски месец на фотографијата во Берлин

Секоја втора година, повеќе од 120 музеи и галерии во Берлин се вклучуваат во исклучителната фотографска уметност на најголемиот фото-фестивал во Германија „Европскиот месец на фотографијата“.

Секоја фестивалска едиција има различна тема на која се фокусираат сите изложби. На тој начин посетителите ќе можат да ги проследат различните теми од различни перспективи. Тема за оваа година е „Пресврти и Утопии. Другата Европа“.

Поранешниот музеј „Кенеди“ во близина на Бранденбуршката порта е фестивалскиот центар за време на месецот на фотографија во Берлин. Тоа претставува и локацијата на којашто ќе се одржат предавања, настапи, дебати и дискусии.

Европскиот месец на фотографија е мрежа на фестивали за фотографија. Фестивалот беше формиран во 2004 година кога ентузијасти од Берлин, Париз и Виена, одлучиле да ја стават фотографската уметност во центарот на вниманието на јавноста во времетраење од еден месец барем на секои две години. Во 2006 година, на оваа мрежа се приклучиле и Братислава, Москва, Рим и Луксембург, а во 2012 година, Будимпешта и Љубљана учествувале за првпат.

Членовите на мрежата целат кон тоа да соработуваат на транснационално, европско ниво за размена на информации и искуства, да учат и да ја поттикнат креативноста кај младите уметници, а тоа се спроведува преку заедничките изложби на современа фотографија во партнерските градови.

 

Извор: berlin.de