Европската Унија од денеска ги олеснува воведените ограничување за внесување на течности во авионите во рачниот багаж, што претставува прв чекор кон целосно укинување на оваа забрана. Според најавите, Европската комисија треба да ги оцени резултатите од овој прв чекор, по што ќе одлучи што ќе се прави понатаму во оглед на ова прашање.
„Се очекува целосното укинување на забраната за внесување на течности во рачниот багаж да се случи до 2016 година“, изјави портпаролката на ЕУ, Хелен Киарнс.
Со олеснувањето на правилата аеродромите во земјите од ЕУ ќе им дозволат на патниците во рачниот багаж да носат купени алкохолни пијалоци и парфеми од фри шоповите на кој било аеродром во светот. Како услов се поставува тоа што тие потребно тие да бидат спакувани во посебни ќеси од фри шопот каде што се купени.
Досега беше дозволени дел од рачниот багаж на патниците да бидат само течности до 100 милилитри, купени од фри шоповите на европските аеродроми. Единствен исклучок се правеше за лекови и бебешка храна.
Забраната за пренесување течности во рачен багаж е воведена во 2006 година, кога британската полиција откри терористички заговор за напад на прекуокеански авиони кон САД со помош на течни експлозиви.