Европската младинска картичка за попусти достапна и во Македонија

Сите млади на возраст од 14-30 години кои ќе станат членови на најголемата Европска младинска организација, ќе имаат можност да добијат Европска младинска картичка и да користат повеќе од 100.000 попусти низ цела Европа.

Според најавите на Фејсбук, картичката наскоро ќе стане достапна и за младите од Македонија и ќе им овозможи најразлични попусти за патувања, културни настани, сместување, шопинг и многу други можности.

На следниот линк, може да се разгледа дата базата на попустите кои ги дава Европска младинска картичка.