Европската комисија ја прогласи Барселона за европска престолнина на иновациите

Барселона е прогласена за европска престолнина на иновациите (“И-Главен град”). Наградата вредна половина милион евра ја доделува Европската комисија, поради воведување на употребата на нови технологии за да се донесе на градот поблиску до граѓаните.

Европската комисија ја прогласи Барселона за европска престолнина на иновациите

Покрај Барселона (Шпанија),  во трка за наградата што ја доделуваат независни експерти беа Гренобл (Франција) и Гронинген (Холандија).

Парите од наградата градот треба да ги користи за зголемување и проширување на напорите за иновации. Каталонскиот град беше прогласен за добитник на завршна церемонија на Конвенцијата за иновации за 2014 година во Брисел.

Според еврокомесарката за истражување, иновации и наука Мер Геогеган-Квин, Барселона е заслужен добитник на првата награда „И-Главен град” поради посветеноста кон користење на нова технологија за доброто на нејзините жители.

„Сепак, имаше и многу други големи иницијативи, предлози, и сакам градовите и регионите да се здружат и да ги споделат своите искуства. Најдобрите иницијативи на локално ниво ќе придонесат да се задржи насочувањето на Европската унија кон унија на иновации“, истакна еврокомесарката.