Европската Coursera отвора 24 бесплатни курсеви, дел од нив носат ЕКТС кредити

Европската Coursera отвора 24 бесплатни курсеви, дел од нив носат ЕКТС кредитиСовремената архитектура, основите на пишувањето, мистериите за црните дупки во вселената се само три од 24 бесплатни курсеви кои годинава се достапни на европската Coursera.

На овој начин берлинскиот iversity.org го проширува MOOC (Massively Open Online Course – Масивно отворен онлајн курс). Во моментов од понудените 24 курсеви, 15 се на англиски, a остатокот на германски јазик, но листата не е затворена. Сите курсеви се дизајнирани од врвни универзитетски професори од Европа и САД.

Дел од нив веќе носта и кредити, во согласност со Европскиот кредит трансфер систем, пренесува socialnet.mk. Курсевите ќе започнат оваа година и ќе продолжат во 2014.

За важноста на MOOC и начинот на функционирање, повеќе во следното видео: