Eвропска Комисија: Умерен напредок во образованието и културата

Подготовките во областа на образованието и културата се умерено напреднати, се вели во последниот извештај за напредокот на Македонија на Европската Комисија.

Eвропска Комисија: Умерен напредок во образованието и културата

Сепак, Комисијата упати критики дека административниот капацитет на Министерството за образование и наука останува недоволен и „не постои транспарентен метод за собирање на образовни податоци“.

„Земјата продолжува да ги подобрува своите перформанси во областите каде ЕУ постави бенчмаркови за 2020 година. Во 2012 година, земјата се покажа подобра од просекот на ЕУ што се однесува до одењето рано на училиште, и  го намали јазот со ЕУ во други области како учеството на возрасни во доживотното учење и високото образование. Стапките на упис и дипломирање од универзитетите се зголемија. Сепак, учеството во предучилишното образование се намалува од 2010, како и ефикасноста во тестовите по наука се незадоволителни. Националните цели треба допрва да се обратат на приоритетите за образование и обука. Регионалните разлики во образовната инфраструктура остануваат високи“, се вели во поглавјето 26 од извептајот, посветено на образованието и културата.

Во однос на пристапот до програмите „Доживотно учење” и  „Млади во акција”, правната основа за управување со пост- 2013 програмите од страна на Националната агенција е усвоена. Европската комисија оценува дека за земјата целосно да учествува во иднина во програмата „Еразмус +“, Министерството за образование и наука до Комисијата треба да ги достави оценките за усогласеноста на Националната агенција за образовни програми и мобилност со Европските образовни програми и мобилност.

„Што се однесува до европските стандарди во образованието, обуката и младите, законите за основно, средно и високо образование беа изменети. Стратегии беа развиени за да се минимизира „одливот на мозоци” на високо образованите и да се намали насилството во училиштата. Акционен план за воведување на нови детски градинки во руралните средини е подготвен, но пристапот до предучилишното образование останува ограничен на урбаните области. Донесена е стратегија за стручно образование 2013-2020. Активностите за образованието за возрасни продолжија со нови програми за обука. Совет за реформите во високото образование е создаден за да се осигура дека наставните програми на универзитетот се одразуваат на потребите на пазарот на трудот. Националната рамка за квалификации останува да се развива. Програмата за развој на спортот до 2017 година е усвоена“, се вели во извештајот на ЕК.

Во областа на културата, земјата продолжува да учествува во програмите „Култура ” и „Европа за граѓаните”. Измените и дополнувањата на законите за култура и на културното наследство овозможуваат јавно-приватни партнерства. Мрежата на билатералните културни договори е проширена и според ЕК, усогласувањето во областа на културата е во напредна фаза.

К.О.