Од кибер нападот нападот што почна во петокот погодени се над 200.000 фирми и поединци во 150 држави, изјави шефот на Европол, Роб Вајнврајт.
Тој вели дека светот се соочува со интензивен напад и постои загриженост за исклучително високо ниво на можни напади во понеделник.
Најпогодени се Русија и Велика Британија.
Експерти за кибер безбедност укажуваат дека следен напад е можен многу скоро и би бил незапирлив.
„Се соочуваме со закана што ескалира и станува се поголема“, изјави тој.
„Секоја година имаме по околу 200 глобални операции против кибер криминал, но вакво досега не е видено“, изјави Вејнврајт.
Според најновите податоци погодени се над 200.000 фирми и поединци во 150 држави, нагласи тој. Вајнврајт рече дека досега има само мал број случаи кога на напаѓачите им било исплатено за откуп.
Кинески медиуми јавуваат дека глобалниот кибер напад погодил и многу мрежи на универзитети во Кина. Медиуми во Пекинг јавуваат дека студенти ширум државата пријавиле дека нивните компјутери се погодени од вирусот поради кој им е ограничен пристапот до материјали за учење.
Во секој поединечен случај на мониторот се појавува барање за исплата на 2.000 кинески јуани (300 долари) за да им бидат ослободени фајлови од компјутерот.