Европол: Бројот на криминални банди кои оперираат во Европа се качил до 5000

Европол предупредува дека бројот на криминални банди кои дејствуваат во Европа достигнал најмалку 5000, а алармантен е и порастот во криумчарењето на луѓе за бело робје и дигиталните напади на бизниси, познати како „ransomware“ (барање откуп од компаниите за враќање на службените мејлови и веб страници).

Агенцијата на ЕУ вели дека идентификувала други 17500 индивидуи осомничени за криумчарење луѓе преку границите, додадени на листата на која имало повеќе од 50000 осомничени уште во 2014.

„Можеме да видиме очигледни докази за растечката заедница во криумчарењето на мигранти, како што криминалците насетуваат свежа можност да направат брзи пари“, вели директорот на Европол, Роб Вејврајт.

Последниот извештај на Европол за сериозен организиран криминал (Сокта) забележува промена во начините на кои функционираат криминалните банди. Повеќето од половина сега оперираат како „поликриминалци“ низ различни криминални супкултури. Севкупно, бројот на групи кои делуваат е поголем од 5000.

Извештајот покажува застрашувачка слика за технологијата, која станува „основен помагач“ за прекршување на законот, а криминалните стартапи имаат лесен пристап до секакви нелегални материјали на „даркнетот“ (нерегулираната, „темна“ страна на интернетот).

Анонимната интернет мрежа TOR (The Onion Router), I2P и Freeneet, се сега основен добавувач на сирови материјали и лажни документи.

Многу дилери на дрога исто така го користат „даркнетот“ за да спроведуваат полупрофесионални бизниси од својот дом.

„Некои од овие онлајн пазари оперираат како Амазон со фидбек од своите муштерии, загарантирана 24-часовна достава и служба за помош на муштериите“, вели Вејнврајт.

Тој потенцира и дека е особено загрижувачки што дигиталните напади на бизнисите се „подобриле“ и зголемиле во изминатите години. Досега „криптоверот“ претежно целеше на мали и средни претпријатија, преку енкрипција на нивните податоци генерирани од корисниците, и оневозможувајќи пристап до нив се додека не се плати откуп.