Европа постави рекорд – цела година без ниту една смртоносна авионска несреќа

Европа е рекордер по воздушна безбедност без ниту една смртноносна авионска несреќа во 2013 година, соопшти Европската агенција за авијациска безбедност.

Европа постави рекорд – цела година без ниту една смртоносна авионска несреќа

Агенцијата изрази загриженост дека безбедноста на авионите може да се влоши во некои земји, кои имаат економски потешкотии.

Во периодот од 2001 до 2010 година агенцијата за авијациска безбедност регистрира во просек по 25 несреќи годишно, од кои три се со смртни случаи.

Во 2012 година за една година имаше 34 несреќи, од кои една со жртви. Во изминатата 2013 година немало ниту една смртоносна несреќа, но точната бројка на инцидентите ќе биде соопштена подоцна.