“Европа – мојот идентитет” – меѓународен студентски филмски проект

Од денеска до 13 септември, група студенти и професори од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, ќе учествува во европскиот академски проект насловен “Европа – мојот идентитет”, во кој покрај македонските студенти учествуваат и студенти од француската ЕСРА и Универзитетот за уметности Фолкванг од Германија.

“Европа - мојот идентитет” - меѓународен стеудентски проект

Овој проект се реализира во три фази, од кои првите две се одвиваа во Македонија и Германија, додека во Франција ќе се одвива финалниот дел во чии рамки ќе се снима краток игран филм. Целиот процес ќе биде тема на посебен документарен филм, кој по третата фаза ќе се монтира во Македонија. Проектот е целосно финансиран од Француско-германската канцеларија за соработка на млади (OFAJ), која го избра Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА како свој партнер. Студентите и професорите ќе можат и во иднина да реализираат слични проекти со поддршка на Канцеларијата.

Извор