Еврообврзница – пари за економијата или за партијата?

Еврообврзницата е за политичките потреби на партијата на власт, а не за економски развој. Со овие 450 милиони евра владеачките партии обезбедија пари за да можат да продолжат со сегашните клиентелистички политики, сметаат дел од економистите откако се спроведе новото задолжување преку Еврообврзница, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Власта позајми 450 милиони евра по цена од 5,6 отсто во услови на политичка криза, со усвоен ребаланс на Буџет според кој економскиот раст се намали од 4% на 2,7%.

Ниту сумата со која се задолжи Владата е ниска, ниту цената која ќе се плаќа за ова задолжување е наивна – коментираат аналитичарите. Според дел од нив, одлуката за издавање еврообврзница во ек на политичка криза нема финасиска оправданост во услови на отсуство на анализа на буџетските приходи и трошења.

„Еврообврзницата има политичка позадина, без финанасиски аспект, спроведена и реализирана без да се направи економска анализа на Буџетот. Ова според мое мислење е направено врз основа на политичките потреби на власта, која каклулираше до последен момент. Имено парите од еврообврзницата ќе се трошат темпирано, со строга намена за избори, кои се чини дека власта ги планира за напролет“, вели за Portalb.mk аналитичарот Слободан Најдовски.

Дел од економистите велат дека останува отворено прашањето зошто владата посегна по надворешно задолжување по повисока цена, кога на домашниот пазар има големи средства кои сега се врзани за благајнички записи на Народната банка.

„Првото објаснување е дека се плаши од граѓанска непослушност. Се плаши дека граѓаните можат да почнат да ги повлекуваат депозитите од банките, што банките би ги оставило без средства за финансирање на Владата. Да не заборавиме, во април беа повлечени околу 100 милиони евра од банките. Тоа тогаш се случи сосема спонтано, без никакви повици за непослушност. Можете да си замислите што би се случило ако се почне некоја масовна кампања за непослушност“, вели за Portalb.mk економситит Бранимир Јовановиќ и додава:

„Второто објаснување е дека ако Владата се откажеше од својата намера, таа ќе оставеше впечаток на власт која ги слуша граѓаните. Тоа ќе беше во директна спротивност со оној впечаток кој таа го остава сите овие години- дека е таа цврста власт, која не отстапува од своите намери, колку и да биле тие погрешни, колку и да биле тие против волјата на граѓаните. Оваа власт својата сила ја црпи од стравот на граѓаните, а тој стравпаѓа кога власта ги слуша граѓаните“.

Аналитичарите сметаат новото задолжување не ниту ниско според сумата, ниту евтино според каматата.

„Цената на еврообврзницата, односно каматата од 5,6 отсто не е воопшто ниска, и очигледно инвеститорите го пресметале ризикот од вантренополитичката неизвесност. Власта посега по вакво големо задолжување во услови на политичка криза од една страна и прогнози за намалување на економскиот раст од руга страна. Но, Владата требаше да направи проценка и анализа на реалната економска состојба, односно да се види дали има можност да се карти од непродуктивни трошења, да се оценат кои се приоритетите“, вели за Portalb.mk Најдовски.

По последното задолжување се огласија и дел од партиите. Демократскиот сојуз најави дека во соработка и консултација со финансиски експерти, ќе предложи законски решенија со кои ќе се оневозможи владата да ги задолжува граѓаните без согласност од парламентот.

„Последниот долг со издавање еврообврзница е направен без претходна анализа и консултација на експерти, како и без елементарно информирање на Парламентот и пошироката јавност“, велат од партијата на Павле Трајанов.

За што ќе се трошат парите …

Министерството за финансии соопшти дека парите од еврообврзницата ќе се користат за буџетски потреби за 2016 и за 2017 година, но и за отплата на околку 200 милиони евра по основ на доспеани обврски. Од ресорното министерството остануваат на ставот дека еврообврзницата е издадена законски и дека била усогласена со Министерството за правда, правните застапници на владата и правните застапници на конзорциумот на банки преку кои се издаде еврообврзницата.

По операцијата за задолжуавњето, Кире Наумов, кој беше и потписник на писмото адресирано до страснките агенти што беа ангажирани за Еврообврзницата, вели дека сега јавниот долг е на историски највисоко ниво.

„По најновото задолжување, јавниот долг е зголемен за над 3 милијарди евра и од вчера тој е на ново историско ниво од речиси 5 милијарди евра. Или над 50 проценти од БДП. Со новото задолжување од 450 милиони евра заедно со камати на грбот на граѓаните натоварија долг 627 милиони евра. Во услови на економски раст од само 2% со каматни стапки на задолжување во континуитет од пет и повеќе проценти за средствата што планираат да ги трошат за непродуктивни и криминални цели, оваа власт ги носи државата и граѓаните во должничко ропство“, вели за Portalb.mk Наумов од СДСМ, доскорешен дополнителен заменик министер за финансии.

Заедно со ова последно задолжување преку државни хартии од вредност продадени во странство, Македонија досега на меѓународниот пазар се задолжи пет пати. За прв пат тоа беше во периодот на власт предводена од СДСМ, кога министер за финансии беше Никола Поповски. Тогаш државата позајми 150 милиони евра со рок на доспевање во 2015-та година и камата од 4,6 отсто. Потоа, власта предводена од ВМРО ДПМНЕ, вклучувајќи ја и новата еврообврзница, на меѓународниот пазар се задолжи четири пати. Вкупната вредност на задолжувања само по основ на еврообврзница реализирани од страна на актуелната власат изнесува скоро 1,4 милијарди евра.

Податоците покажуваат дека од 2007 ма година нивото на јавниот долг е зголемено за 2,7 милијарди евра додека бруто надворешниот долг пораснал за 3,7 милијарди евра.