Еврокомесарот Хан ги повика младите да излезат на референдумот за името

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ги повика младите во земјава да не го бојкотираат референдумот за името најавен есенва. Во спротивно, рече тој, може во Македонија да се случи нешто слично како Брегзит, кога биле донесени одлуки на штета на младите.

„Сакам јасно да кажам да има силна меѓународна поддршка за оваа спогодба, која е важен придонес кон мирот и стабилнсота за регионот, но и за цела Европа. Но на граѓаните сега им останува на оваа држава да одлучат за иднината на својата земја. На крај сепак се работи за нив. Вратата на ЕУ сега е ширум отворена. Вам ви останува да ја искористите оваа можност. Ги повикувам да го искористат своето демократко право и да учеств во референдумот особено младите. Младите во Велика Британија не учествуваа и се донесоа одлуки кои не се во нивна корист. Младите треба да сфатат дека секој глас е важен. Важно е да се учевствува и да се искористи демократското право. Се работи за вашата земја и за вашата иднина“, порача Хан.

Еврокомесарот пристигна во Скопје каде пред Владата беше пречекан од премиерот Зоран Заев. Тој присуствуваше на 79-тата владина седница чија единствена точка на дневен ред вбеше Информацијата за концептот и структурата на преговори за пристапување на Република Македонија во ЕУ.