Повеќе од 20.000 посетители на музичкиот фестивал „Тумороуленд Јунајт Спејн“ во Барселона се евакуирани синоќа откако пожар изби на главната сцена, пренесува Мета.
Организаторот на настанот на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека пожарот бил предизвикан од петарда што паднала на сцената и ја запалила целата конструкција на бината.
Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, но конструкцијата на сцената целосно изгорела.
Полицијата соопшти дека евакуацијата минала мирно и без паника. Засега нема информации за повредени при инцидентот.
pic.twitter.com/xdR06pXfgA .@SORIAPARRA Arde #TomorrowlandBarcelona
— Breaking News (@newnewspage) July 30, 2017