ЕУ почна истрага за проневера на европски образовни средства во Турција

Европската комисија почна истрага во Турција поради сомнежи за присвојување средства од европската образовна програма на турското Министерство за ЕУ.

ЕУ почна истрага за проневера на европски образовни средства во Турција

Според портпаролот на ЕУ за прашањата на образовението, Дени Або, Европската комисија почнала проверки во Центарот за младински програми и образование на ЕУ во Анкара.

– Истрагата е насочена кон тврдењата за неправилности, поврзани со недостиг на транспарентност при изборот на вработените и недостиг на почитување на националните и европски правила во врска со набавките во Националната агенција, додаде портпаролот.

Одлуката за отпочнување истрага е донесена во момент кога името на поранешниот турски министер за ЕУ, Егемен Багаш, се споменува во коруптивниот скандал што ја потресе Владата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган.

Багаш ја напушти функцијата при декемвриската реконструкција на Владата, предизвикана од оставката на тројца министри, кои, исто така, беа осомничени дека земале поткупи.