ЕУ може да го казни Епл со една милијарда евра

Европската комисија ја обвини компанијата Епл за искористување на државна помош во Ирска, покажуваат првичните резултати од истрагата за даночните олеснувања кои ги доби оваа американска компанија.

ЕУ може да го казни Епл со една милијарда евра

Весникот „Фајненшл Тајмс“ тврди дека казната би можела да изнесува една милијарда евра.

ЕК би можела да бара исплата на сите неплатени даноци, како и дополнителна казна.

Во изминатите 10 години Епл заработил дури 137 милијарди долари преку работењето на своите офшор компании.

Според изјавите на лица кои се вклучени во истрагата, ЕК наводно открила дека Епл склучувал нелегални договори со ирските власти и со тоа добивал незаконска помош.