Европската унија целосно ќе ги отвори внатрешни граници до крајот на јуни и ќе започне со укинување на патните ограничување кон и од другите земји во јули, соопшти во петокот Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, јавува „Радио Слободна Европа“.
Јохансон на прес-конференција соопшти дека повеќето влади на земјите членки на ЕУ ќе ги укинат внатрешните гранични контроли до 15 јуни, но дека некои тоа ќе го направат до крајот на месецот.
„Тоа значи дека внатрешните гранични контроли ќе бидат укинати до крајот на јуни. Треба да го разгледаме постепеното укинување на ограничувањата за патувања во ЕУ кои не се од клучно значење“, додаде Јохансон.
Некои соседни земји, пак, како Чешка и Словачка, или Естонија, Литванија и Летонија претходно ги отворија границите меѓусебно. Освен тоа, Чешка вчера целосно ги отвори границите со Австрија, Германија и Унгарија.