ЕУ ја забранува пластиката, а ние? – дискусија во СЦ „Дуња“

Од денеска стапува на сила законот со кој се забранува продажба на производи од еднократна пластика низ Европската Унија.

Пластичниот прибор за јадење, пластичните чинии, садовите за храна и пијалоци направени од стиропор, лажичињата за кафе од пластика, чепкалките за уши од пластика, како и сите производи изработени од оксоразградлива пластика, се дел од забранетата пластика.

Ова е повод за активистите од Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје да ја повикаат јавноста на дискусија. Темите на коишто ќе се зборува се штетните последици од огромното количество пластика што се произведува секој ден, како и за тоа што граѓаните може да преземат.

Дискусијата ќе се одржи на 5 јули (понеделник) во просториите на „Дуња“, со почеток во 19:30 часот.