ЕУ го скрати полскиот фонд поради воведените градски „Слободни зони без ЛГБТИ+“

Европската Унија одбила шест полски грантови за зближување меѓу градови поради државните политики кон ЛГБТИ+ заедницата.

Ваквата одлука била потврдена на „Твитер“ од страна на Хелена Дали, член на европската комисија за еднаквост.

„Вредностите на Европската Унија и фундаменталните права мораат да бидат почитувани од земјите членки и јавните власти. Ова е причината поради која беа одбиени шест полски гранта за посестрени градови кои вклучуваа полски власти кои ги воведоа „слободните зони без ЛГБТИ+“ и „семејни вредности“, истакнала Дали во вторникот.

Се’ уште не е прецизирано кои шест града биле одбиено за грантирање.

Градовите и општините аплицирале за грантови помеѓу 5 и 25 илјади евра за програма за посестрување на градовите, во склоп на проектот „Европа за граѓаните“, чија цел е поттикнување на дебата и граѓанско учество според ЕУ полиси.

Апликациите за 127 градови и проекти од кои 8 биле полски учесници, биле селектирани за ЕУ грант во целосна вредност над 2,3 милиони евра.

„Повикот за учество во програмата за посестрување нагласува дека градовите треба да бидат отворени за сите европски граѓани без никаква форма на дискриминација врз база на род, етникум, религиозно верување, инвалидитет, возраст или сексуална ориентација“, истакнал портпаролот на комисијата за „АФП“.

Оние апликации кои се одбиени, се одбиени врз база на неисполнување на барањата на програмата.

Во 2019 година, 80 општини во Полска се прогласиле себеси за „слободни зони без ЛГБТИ+ идеологија“, и биле поддржани од страна на политичарите поврзани со десничарската конзервативна партија и „Правда“.

Европскиот парламент ја осудил оваа одлука на Полска и побарал засилено следење на Европските фондови.

Извор: Euronews