[ETF FRAME] Проект за вештини потребни во образованието

Кои професии треба да се развијат до 2020 година и како овие вештини можат да бидат генерирани од страна на образованието и системот за обука? Кои се капацитетите кои им се потребни на институциите за да се постигне визија за вештини 2020? Како земјите можат да создадат синергија во развојот на човечките ресурси и да учат едни од други?

[ETF FRAME] Проект за вештини потребни во образованието

Ова се само дел од прашањата на кои се фокусира ETF FRAME проектот кој ќе ги подржи пред-пристапните земји на Европската унија за развој на човечките ресурси, додека работат на своја стратегија за човечки ресурси како и на EU2020 стратегијата.

„Земјите кои бараат приклучување кон Европската унија имаат потреба од стратешки пристап кон развојот на визијата за развој на човечките ресурси фокусирајќи се особено на вештини кои се со поголема веројатност да бидат потребни во периодот 2014-20. За возврат, покохерентен пристап кон пред-пристапната помош, исто така, треба да се усвои, со резултат-ориентиран кон интервенции скроени за специфичните потреби на секоја земја и со јасни цели и индикатори за мерење на напредокот и постигнувањата“, се вели во најавата за проектот.

Според Марчин Монко, портпарол на ЕТФ, проектот има за цел да го привлече вниманието на Владата во Скопје и другите земји во регионот за вештините на луѓето кои ќе им бидат потребни на општествата и економиите до 2020 година.

–          Ние обучивме неколку креатори на политиката и експерти, организиравме состанок во регионот, па тие можеа да го споделат нивното искуство и да научат од најдобрите специјалисти. Исто така се предвидоа методологии за да се предвиди идната потреба од вештини, и ги споделивме идеите за реформа и следење на работата на институциите за да им се дадат на луѓето вистинските вештини. Конечно ЕТФ, преку FRAME, го подготви теренот за поголеми инвестиции и проекти финансирани од инструментот на ЕУ за претпристапна помош, вели Монко за Радио МОФ.

За зајакнување на локалните капацитети се користат специфични методолошки инструменти и проектот ќе се спроведува во четири интервенции: Визија, Ревизија на институциите, Мониторинг и Регионална компонента. Повеќе информации за проектот може да се погледнат на следниот линк.