Естонија им ги понуди своите образовни дигитални алатки на другите земји како поддршка поради коронавирусот

Естонија, која според ПИСА тестовите е водечка нација за образование во Европа, ги сподели сите свои алатки за дигитално образование како поддршка на образовните системи на другите земји за време на кризата со Ковид-19.

Списокот на алатки кои се меѓународно достапни се на следниот ЛИНК.

Училиштата во Естонија се затворени веќе недела, а наставата и учењето се пренесени онлајн.

„Кој не се плаши од дигиталното образование? Учењето и предавањето дигитално се предизвик дури и под нормални околности. Сепак, за време на појавата на Ковид-19, дигиталното образование е единствената опција “, рече Март Лајдметс, генерален секретар на Министерството за образование и истражување на Естонија.

„Во Естонија, ние работиме ИКТ да функционира во образованието, имаме голем број на решенија кои целосно го поддржуваат учењето од далечина. Ние сме подготвени да ги споделиме најдобрите практики и решенија на Естонија со земјите што имаат потреба. На крајот на краиштата, обезбедувањето на образование е неопходно за одржливо општество “, додаде Лајдметс.

Алатките обично се креираат според потребите на училиштата, универзитетите и компаниите.

Во моментов, компании како 99math.com, Lingvist.com, Clanbeat.com, Speakly.me, ALPA Kids и DreamApply.com се приклучија на иницијативата да ги понудат своите решенија бесплатно.