Есенски бесплатен пазар во „Дуња“

Утре (20 октомври) во Социјалниот центар „Дуња“ од 14 до 17 часот ќе се одржува традиционалниот бесплатен пазар во есенска варијанта.

„Донесете облека што не ви треба и останати работи кои може да ги размените – земете си колку сакате (не мора ни да носите ако немате што“, стои во објавата за настанот.

Она што ќе остане, ќе се донира кај здружението Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness.

Организаторите нагласуваат дека електрични апарати и тешка опрема нема да се прифаќа.