„Ernst & Young“ нема да бара диплома од кандидатите за работа

Еден од најголемите британски рабодотавци, компанијата „Ernst&Young“ најави дека повеќе нема да бара стручна подготовка во молбите за работа, бидејќи како што велат, не постои доказ дека успехот на факултет е поврзан со успесите во кариерата подоцна во животот.

Компанијата изјави дека селекцијата на кандидати според дипломите и оцените е застарена. „Ernst&Young“ годишно отвора 200 работни места за кандидатите со диплома. Новите правила ќе се почитуваат од 2016 година.

Maggie Stilwell, од одделот за таленти во компанијата најави дека новите вработени ќе бидат избирани онлајн според посебниот состав на проценки.

„Академските квалификации и натаму ќе бидат земени предвид и ќе останат како важен дел кога ќе се гледа на кандидатот во целост, но тие повеќе нема да бидат пречка за брилијантните млади луѓе кои ги немаат“.

Оцените од студиите ќе бидат заменети со отворени можности за талентирани поединци без оглед на минатото. Според внатрешното истражување на компанијата кое опфатило околу 400 дипломирани студенти, се покажало дека вработувањето на овие студенти само поради тоа што имаат диплома е премногу површен пристап при нивно ангажирање.