Ердоган сака да ги вклучи новинарите и граѓанските активисти во дефиницијата на терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека дефиницијата на терористите треба да се промени и во неа да се вклучат и нивните „поддржувачи“, како пратениците во парламентот, граѓанските активисти и новинарите.

Тројца турски академици деновиве беа уапсени со обвинувања за терористичка пропаганда, откако јавно прочитаа декларација со која се повикува Турција да ги запре воените операции на југоистокот на земјата, во областите во кои доминантно население се Курдите.

Ердоган изјави и дека професорите „ќе ја платат цената за нивното предавство“.

Неделава и еден британски државјанин беше уапсен пред два дена, откако кај него биле пронајдени памфлети испечатени од курдската Народна демократска партија.

„Не се само личноста која го повлекува чкрапалото, туку и они кои го овозможуваат тоа – и нив би требало да ги дефинираме како терористи, без оглед каква е нивната титула“, изјави Ердоган пред неколку дена, додавајќи дека терористи може да бидат и членовите на парламентот, новинарите или граѓанските активисти.

Овие остри коментари на Ердоган доаќаат непосредно по самоубиствениот напад со бомба во главниот град Анкара, во кој загинаа 34 луѓе, а 124 беа ранети.