Ердоган ги повлекува сите тужби за навреда кон него

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе ги повлече сите судски тужби против оние кои ги обвини дека го навредиле, после неуспешниот обид за воен удар кој се случи во Турција.

Обраќајќи се на настан во турскиот главен град Анкара, одржан во чест на оние кои беа убиени и ранети за време на пучот на 15 јули, Ердоган најави дека повлекувањето на тужбите е исклучок и гест кој ќе го направи само еднаш.

„Само овој пат ќе простам и ги повлекувам сите обвиненија кон многуте случаи на непочит и навреда кои беа упатени кон мене“, изјавил.

Стотици луѓе  беа обвинети за навреда на претседателот, дури и поради пишување ставови против него на социјалните медиуми.

„Мислам дека доколку не ја искористам оваа можност исправно, ќе им дадам можност на луѓето да ме држат за врат. Затоа, мислам дека сите фракции на општеството, пред се политичарите, ќе се однесуваат соодветно со оваа нова реалност, оваа нова чувствителна ситуација пред нас“, додава Ердоган.