Епл претстави 72 нови емоџи меѓу кои и со ликот на Дејвид Боуви

Компанијата Епл за своите корисници воведе нови емоџи оваа недела, меѓу кои има и со ликот на починатата музичка ѕвезда Дејвид Боуви.

Емоџито со неговиот лик има женска и машка верзија, и за првпат, новиот сет на пиктограми вклучува судијка, наставничка, пожарникарка, астроунатка и водоводџијка.

Во претходните емоџи, жените најчесто беа претставувани само во ситуации како си ги лакираат ноктите или танцуваат, додека детективите, полициските службеници и сурферите беа исклучиво мажи.

Но, за да биде родово еднакво – ако претходно имало принцеза и невеста, сега има и принц и младоженец.

Овој новитет следува по огромниот притисок на Гугл да се промовира родовата еднаквост преку емоџи. Во мај, компанијата соопшти дека планираат да промовираат диверзитет во професиите што ги имаат жените и дека ќе се спротивстават на сексизмот.

Епл оваа недела објави бета верзии за вкупно 72 емоџи, одобрени од Unicode Consortium, непрофитна група која создава универзални емоџи и текстуални карактери.