Епл објави апликација за учење на програмскиот јазик Свифт

Епл има големи планови за Свифт, глобално популарниот јазик за програмирање кој најпрво го претстави на пазарот во 2014.

Свифт е веќе многу користен јазик – повеќе од 100000 апликации почнаа да го користат за да создадат барем дел од неговиот код, меѓу кои и Твитер, Убер и Лифт.

За да продолжи со комерцијализацијата и поголемото користење на програмскиот јазик, Епл вчера ја претстави Свифт Плејграундс, официјална апликација за Ајфон и Ајпад преку која деца, но и возрасни, можат да учат како да кодираат користејќи го Свифт.

„Веруваме дека ова е најдобар начин на кој секој може да научи да кодира“, вели извршниот директор на Епл, Тим Кук. „Веруваме дека кодот треба да биде задолжителен јазик во сите училишта“.

Во апликацијата има и специјална Ајфон тастатура со често користени симболи и функции во Свифт, за да се олесни процесот на учење.

Апликацијата е одлично дополнение на поголемите амбиции на Епл за Свифт, пишува Business Insider, бидејќи го сметаат за „најголемиот програмски јазик во наредните 20 години за програмирање во индустријата“.