„Епл“ нуди 200.000 долари за откривање безбедносни грешки

Американската компанија „Епл“ објави дека нуди награда од 200.000 долари за програмерите и хакерите кои ќе најде пронајдат софртверски грешки кои ги прават нивните производи небезбедни.

Понудата беше претставена на големата конференција за компјутерска безбедност „Блек Хет“, каде што публиката го награди со аплауз Иван Крстиќ, претседателот на „Епл“, во моментот кога ова го објави во текот на својата презентација. Оваа најава доаѓа по само четири месеци откако „Епл“ стана интересен во јавноста поради јавното спротивставување на ФБИ, бидејќи службата бараше компанијата да им помогне да влезат во телефонот Ајфон 5 кој го користел милитантниот исламист Суад Ризван Фарук, во нападот во Сан Бернандино.

Случајот со ФБИ беше повлечен на 28 март кога од службата објавија дека платиле 1 милион долари на надворешен соработник, за да добијат пристап до телефон. Крстиќ не сакаше да коментира за тоа дали постои врска меѓу најавената награда од „Епл“ и случајот со ФБИ.

„Јас сум инженер и сум среќен да одговорам на техничките прашања во врска со она што го кажавме денеска”, истакна тој.

Наградата стартува од 1 септември, при што се нуди исплата од 50 000 до 200.000 долари, во зависност од тежината на откриениот проблем.