Епл ја изгуби судската битка за ексклузивното право на името „Ајфон“ во Кина

Епл ја изгуби борбата за брендираното име во Кина, што значи фирма која продава чанти и други кожни производи може да продолжи да го користи името „Ајфон”.

Високиот народен суд во Пекинг пресуди во корист на компанијата „Xintong Tiandi“, објави BBC. Судот во Пекинг пресуди дека Епл не може да  докаже дека бил познат бренд во Кина, пред фирмата „Xintong Tiandi“ да поднесе барање за трговската марка во 2007 година.

Ксинтонг Тианди (Xintong Tiandi) го доби заштитниот жиг „Ајфон” за производи од кожа во Кина во 2010 година. Епл поднесе барање за заштита на името на електронски производи во 2002 година, но тоа барање не беше одобрено се до 2013 година.

Кинеската компанија продава чанти, маски и футроли за мобилни телефони, и други кожни производи брендирани со името „Ајфон” и регистрираниот симбол на трговската марка „R”.

Телефоните Ајфон на Епл, првпат беа пуштени на продажба во Кина во 2009 година.