ENGAGE the Night – журка за 9 години Радио МОФ во МКЦ

Радио МОФ го најавува музичко финале ENGAGE The Night на овогодинешното издание на конференцијата за социјален активизам – ENGAGE.

ENGAGE The Night е вечерен музички настан кој ќе се одржи во сабота, на 22-ри февруари, во фоајето на „Кино Фросина“, со почеток во 21 часот. Овогодинешното издание на ENGAGE The Night воедно ќе биде и прослава на деветиот роденден на Радио МОФ.

Со почеток во 21 часот, публиката ќе има можност да ја слушне Дина Јашари, младата канавторка и вокалистка која во придружба на нејзината гитара ќе ги изведе нејзините авторски песни. Потоа, „The Local Blue“, популарното психоделично трио кое ќе настапи со своите нумери од вториот албум – „2nd Landing“. За крај, диск-џокејско дуо кое обожава диско-фанк ритмови со мали примеси на њу вејв – „The DD’s“ ќе ја забавува публиката до крајот на настанот.

Влезот е слободен.