„Engage the night“ во Кино Култура со RIB и Бодан Јамакоски

Радио МОФ и Младински образовен форум најавуваат гитарско и електронско финале на првото издание на конференцијата за друштвен активизам ENGAGE, за 2016 година.

ENGAGE the NIGHT е вечерен музички настан, кој ќе се одржи на 23 април, со почеток во 21:30 часот во Кино Култура каде посетителите ќе може да го проследат концертот на RIB, по што ќе следи диџеј сет на Бодан Јамакоски.

Бендот кој започна да работи под името SIZ, во октомври 2014 го доби денешниот состав. Нивната музика води на едно поразлично патување од оние на нивните останати бендови и проекти, на кои беше навикната публиката -од плажите на „Venice Beach“ преку суптилната атмосфера на њујоршките џез клубови, па сé до скопските летаргични возења на точак.

Својот прв албум – Something Completely Different го снимија во 2015, а својата промоција ја направија во јануари 2016.

По нивниот настап, ќе следи диџеј сет на Бодан Јамакоски.

Влезот е слободен.