Engage Кicks&Gigs@Home со Агнеса Чаволи

Во шестата епизода на „Engage Кicks&Gigs@Home“ ни гостува Агнеса Чаволи. Таа по струка е дизајнер, кој ја обожава музиката. Со нејзиниот бенд „Фулстоп“ го создадоа албумот „Хана“, а самостојно стигна до полуфинале на Voice of Albania. Периодов работи на својата соло кариера, бидејќи како што вели, „целиот бенд се отсели од државата“.

За Радио МОФ ја изведува песната „Сузана“ заедно со гитаристот и пријател Лирим. Песната е посветена на нејзината мајка, а стиховите се преземени од нејзината поезија. Втората песна е „Ankth“, или на македонски значи „вознемиреност“.

Во време кога поради новиот корнавирус сите седат дома, и македонските музичари во „Engage Кicks&Gigs@Home“ од својот дом ги изведуваат омилените песни. Во веб серијалот гостуваат млади и алтернативни бендови и музичари од земјава, а целта ни е да ја поддржиме и промовираме локалната сцена, како и да ја запознаме публиката со домашните музичари од еден поинаков агол.