Engage Kick&Gigs@Home: Дина Јашари

Радио МОФ ви ја прикажува втората епизода на „Engage Кicks&Gigs@Home“ со Дина Јашари и премиерната изведба на нејзината нова песна „Бои“.

Покрај пишување и компонирање на своите песни, Дина студира и соло пеење на смерот Џез и Популарни жанрови. Нејзина главна окупација во моментов е да создава своја авторска музика. Во видеото ја изведува и „Dindi“ од Antonio Carlos Jobim, а како и нејзините авторски песни „Зборови” и „Последна минута”.

Во време кога поради новиот корнавирус сите седат дома, и македонските музичари во „Engage Кicks & Gigs@Home“ од својот дом ги изведуваат омилените песни.

Во веб серијалот гостуваат млади и алтернативни бендови и музичари од земјава, а целта ни е да ја поддржиме и промовираме локалната сцена, како и да ја запознаеме публиката со домашните музичари од еден поинаков агол.