[ENGAGE] Ѓорче Ставрески: Исцелител порачува – Нема лек за вас!

23 фестивали, 9 интернационални награди, 14 недели киноприкажување, се само мал дел од бројките кои го покажуваат успехот на македонскиот филм „Исцелител“, на режисерот Ѓорче Ставрески кој беше говорник на седмото издавие на конференцијата за друштвен активизам Engage.

Осврнувајќи се на успехот на филмот Ставрески искрено ќе каже: „Сите ме прашуваат зошто сум се уште тука. И јас не знам. Се надевам некои работи ке се поправат и ќе можеме да живееме поубави животи тука“.

„Исцелител“, раскажува Ставрески, дава критика на општеството и на суптилен начин ги рефлектира неговите лични ставови за македонското општество.

„Ангажирана уметност за мене е одење по јаже, една комплицирана работа и човек треба навистина да размисли како сака да ја испорача својата критика во едно дело“, вели Ставрески.

Во својата презентација Ставрески говори за своето лично искуство со македонското здравство и болките во желудник со дијагноза дека се на „нервна база“, за теориите на заговор поттикнати од интернетот, за корупцијата и непотизмот.

„Господ да им помогне на луѓето на кои им треба здравствена помош во оваа земја“.