[ENGAGE] Алвин Салимовски: Со рок музика го надоградуваме музичкото образование на Ромите

Теми од „Пантера“, „Аудиослејв“, „Лед Целепин“, „Дип Парпл“, „Систем оф а даун“, но и верзија на познатата воведна тема од  „Игра на тронови“ може да се слушне во репертоарот на „Roma rock school“, бенд произлезен од истоименото Здружение, кое се грижи за надоградување на музичкото образование со рок музика.

Директорот на училиштето „Браќа Рамиз-Хамид“ и основачот на Здружението, Алвин Салимовски со свој говор на „ENGAGE“ вели дека главната мотивација за основање на „Roma rock school“ е неспорниот музичкиот талент на Ромите како заедница.

„Ромите со години учеле од своите предци. Имаат надареност, слух, талент, но тажно е што немале можност за професионална кариера. Тука не е сменето многу, не е направено нешто за да се поттикне и зајакне музичкиот талент на Ромите. Пристапот до инструменти и лошата економска состојба ги ограничува“, вели Салимовски.

Тој дополнува дека рок музиката не е многу атрактивна во ромската заедница, па пробуваат да ги сменат овие работи.

Се разликуваат од остантите по тоа што практикуваат спој од рок музика и ромски традиционален мелос, со бесплатна музичка едукација за сите што не можат тоа да си го дозволат.

„Учениците мораат да имат 3.5 просек да бидат дел од бендот. Ги поправија оцените само за да бидат дел од бендот. Вежбатаат три месеци, од понеделник до петок, за да создадат нов жанр во музиката“, рече тој на Конференцијат за друштвен активизам „ENGAGE“.